Агенцијата на Обединетите нации изрази загриженост дека доколку наскоро не се испразнат силосите нема да има простор за складирање на летната жетва, што би можело да предизвика масовни загуби и понатамошен раст на цените на храната, пренесуваат агенциите.
Организацијата на ОН за храна и земјоделство процени дека во моментов во Украина, откако се затворени црноморските пристаништа, се заробени 25 милиони тони жито.
Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, Украина, еден од најголемите светски произведувачи на житарки, може да извезува жито само со возови.






