„Без редефинирано, експертско и независно членство на Комисијата, законот ќе остане формален и неефикасен, неспособен да обезбеди реална контрола и супервизија врз светското наследство. Повторно се пропушта можноста да се воведе оцена на влијанието врз наследството, согласно барањата на УНЕСКО. Наместо тоа, се користи оцена на влијанието врз животната средина и заштитно-конзерваторски услови, кои се несоодветни во контекст на светското наследство. Дополнително, во пракса овие механизми се применуваат недоволно квалитетно, особено имајќи го предвид застарениот и проблематичен Закон за животна средина“, велат од Охрид СОС.
Според нив, нацрт-законот не предвидува воведување на суспензивно дејство ниту автоматски правни последици.
Пропуштено е да се воведат посебни одредби за надомест на штета предизвикана со реализација на штетни проекти, ниту механизми за санација или реституција на нарушеното природно и културно наследство. Отсуството на вакви одредби значително ја ослабува ефективноста на законот и не обезбедува целосна заштита на исклучителната универзална вредност“, се наведува во забелешките на Охрид СОС.Во нацрт-законот, дополнуваат оттаму, целосно се игнорираат веќе издадени или одобрени документи, проекти и планови. Како резултат, е пропуштено да се воведе механизам за нивна ревизија и повторна оценка, со што се остава можност за правни несогласувања, недоследности во управувањето со наследството и потенцијално поголема штета врз природното и културното наследство. Ревизијата на овие документи е неопходна.Од Охрид СОС потенцираат дека детално, на триесет страници, ги адресирале сите, според нив, недостатоци и слабости, понудиле нашите предлог-измени и дополнувања на предлог-законот, со цел подобрување на законскиот текст.






