четврток, 11 декември 2025

Одбраната бара укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Сеад Мена смета дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

„Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука“, изјави Мена.

Професорот, кој е обвинет за насилство на денешната расправа кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Тој тврди дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот, а го носел со себе поради заштита, но никогаш го немал употребено.

По инцидентот, ученикот со повреди на глава бил примен на Хирушкото одделение во струшката општа болница. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ