Како што информира од Судот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција вчера одржал седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите, донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост.
„Во текот на изминатата недела, судиите од Одделот на претходна постапка, постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител, донесоа решенија со кои се изречени мерки – одземање на имот заради обезбедување поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело, како и забрана на правните лица за располагање со удел во правно лице и отуѓување на имот кој се запленува во корист на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.






