понеделник, 8 декември 2025

Одбележување на јубилејниот 60. број на списанието „Кинопис“

Објавено на

часот

Сподели

Презентери на списанието ќе бидат Атанас Чупоски, советник-филмолог и Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на „Кинопис“.

Првиот број на „Списанието за историја и култура на филмот и другите уметности Кинопис“ е објавен во 1989 година. Списанието „Кинопис“ е природен наследник на кинотечниот магазин „Кинотечен месечник“ (кој излегува од 1977 до 1987 година), чии изданија во македонската филмска историја и теорија имаат статус на своевидни „Филмски тетратки“, по урнекот на легендарниот магазин за филм „Cahiers du Cinéma“ („Филмски тетратки“), основан во 1951 година во Париз: еден од основачите е Андре Базен (André Bazin), филмски критичар и теоретичар со светско реноме, за кого се смета дека имал пресудно влијание во лансирањето на францускиот „нов бран“… Кон крајот на минатата година од печат излезе и јубилејното издание на списанието „Кинопис“ бр.59-60. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ