Оваа промена беше најавена од претходно, сега е официјално усвоена и на сила стапува од следната сезона.
Наместо источна и западна, од сезоната 2022/2023 ќе има една Втора лига која ќе брои 16 екипи. Два тима кои директно ќе испаднат од Првата лига, два тима кои ќе изгубат во баражите за пополнување на Првата лига, десет екипи што ќе опстанат во двете Втори лиги (екипите пласирани од 3 до 7 место) и две екипи од баражите на третолигашите за пласман во Втората лига.
Во Првата лига нема никакви промени, правилата остануваат исти, таа брои 12 екипи, последните две директно ќе испаѓаат, а девето и десетопласираните ќе играат бараж.






