четврток, 9 април 2026

Од продажба се повлекува целиот асортиман на „Киндер“ производен во Арлон, Белгија

Објавено на

часот

Сподели

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро” привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.

„Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected]“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ