Регулаторната комисија за енергетика во текот на денов ќе донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати што ќе важат од ноќеска на полноќ.
„РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. По одржувањето на седницата ќе биде објавена одлуката која ќе биде на сила од полноќ“, велат од РКЕ.
Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.






