вторник, 23 декември 2025

Од легенда стана предавник: Украина го брише Тимошчук од историјата!

Објавено на

часот

Сподели

Анатолиј Тимошчук се најде на удар на јавноста во Украина поради тоа што работи како помошник тренер во руски Зенит, и не само што одбива да го раскине договорот, не сака јавно да ја критикува воената интервенција на Русија во Украина.

Па Фудбалската федерација на Украина реши да покрене постапка, а етичката комисија бара да му се одземат сите одликувања.

Поради кршење на етичкиот кодекс, Анатолиј Тимошчук сега може да биде избришан од историјата, односно да остане без ПРО лиценцата, без сите државни награди и почесни титули, да остане без сите трофеи и неговото име повеќе да не стои во регистерот на играчи.

Анаталиј Тимошчук е рекордер по бројот на настапи во дресот на Украина и одигра 144 натпревари за националниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ