Само во ЈОУДГ „Детска Радост” во Општината Гази Баба воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ „Пролет” Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект, велат од Министерството и нагласуваат дека во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата.
„Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја обавуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста. Заштитата на децата и нивните права останува да биде високо на агендата на приоритети на Министерството за труд и социјална политика“, се вели во соопштението.






