„Нормално, Израел има свои интереси, стратегија да ги штити своите граѓани. Ние сето тоа го разбираме“, наведе Зеленски во снимката постирана на социјалните мрежи.
Лидерот на Украина оцени дека премиерот на Израел Нафтали Бенет се обидува да најде начин да се одржат преговори.
„И ние сме благодарни за неговите напори, така што порано или подоцна ќе почнеме да водиме разговори со Русија, можеби и во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мирот, ако е можно“, кажа Зеленски.
Во обраќањето до пратениците на израелскиот парламент Кнесет, оценето во израелските медиуми како зајадливо и остро, Зеленски, Евреин, повеќе пари потсетуваше на холокаустот во Втората светска војна, во која нацистите и нивните сојузници убија шест милиони Евреи и го критикуваше Израел што не ја вооружил неговата земја, не го снабдил со одбранбен систем „Железна купола“ и не ѝ вовел санкции на Русија.
Неговата споредба на војната во Украина со холокаустот предизвика критики на израелски пратеници.
„Сигурен сум дека ја чувствувате нашата болка, но можете ли да објасните зошто сè уште чекаме на ваша помош кога другите земји пружаат помош? Зошто помошта на Израел или барем дозволите за влез не стигнуваат?“, кажа Зеленски и праша дали е тоа индиферентност, политичка калкулација или посредување без бирање страна.
Тој кажа дека ги остава пратениците да дадат одговори на тие прашања, но истакна дека „индиферентноста убива“, дека „калкулациите се погрешни“, и дека може да се посредува меѓу земји, но не меѓу доброто и злото.
„Морате да дадете одговори на тие прашања и да живеете со нив“, им кажа украинскиот претседател на израелските пратеници.
Израелските медиуми на хебрејски јазик објавија дека Бенет и министерот за надворешни работи на Израел Јаир Лапид биле вџашени од жестината на критиките на претседателот на Украина, но високи политички извори кажаа дека Израел нема намера да ја менува својата политика.






