И во Скопје се очекува променливо облачно време и релативно топло. Во делови од котлината ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Температурите ќе се движат од 8 степени во мавровскиот крај, до 18 во Скопје и 19 степени на југоистокот од државата.
За утре од УХМР не прогнозираат значителни промени на времето. Ќе биде облачно со можност за дожд на одделни места. Температурите се очекува да бидат за степен или два пониски од денешните.







