Увидот траел цел ден, а ќе продолжи денес, кога се очекува собирање на клучните материјали, јавува Индекс.
Увидот кој полицијата го спроведува заедно со воената полиција ќе продолжи во потесната зона на инцидентот, каде ќе се обидат да го извадат делот од леталото кој останал вкопан во земјата.
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на владата на Хрватска Давор Божиновиќ кажа вчера вечерта дека истрагата за падот на беспилотното летало продолжува денес и дека Хрватска „по сè изгледа не била крајната цел на леталото“.
„Сè што се случувало, особено кога зборуваме за воздушниот простор на земјите низ кои минало леталото пред Хрватска, а станува збор за воздушниот простор на НАТО, се комуницира интензивно и на ниво на НАТО и билатерално.
Тоа е нешто на што ќе мораме да добиеме одговор и поради секоја земја членка, во овој случај Хрватска, и НАТО пактот“, кажа Божиновиќ.
[video:https://youtu.be/2v7_FpnRYp8 autoplay:0]Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на Твитер порача дека околностите на падот на беспилотното летало се истражуваат и дека се водат интензивни разговори со сојузниците во ЕУ и НАТО.
„Не знаеме чие било леталото. Летало над Хрватска седум минути и падна тука. Во несреќата имавме многу среќа што никој не настрада. Оштетени се 40-тина автомобили“, кажа Пленковиќ.
„Ова теоретски можеше да биде Будимпешта, Љубљана… Мораме да ја интензивираме соработката, на време да се извести земјата дека нешто се случува. Дали било случајно или намерно, сè уште не знаеме. Ќе се обидеме да го ископаме леталото. Ќе комуницираме со земјите кои имаат информации“, кажа Пленковиќ.
[video:https://youtu.be/vB3tXhp9rQs autoplay:0]





