четврток, 25 декември 2025

Обамејанг со емотивна порака се збогува со фановите на Арсенал (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Обамејанг беше фантастичен играч за Арсенал пред да го потпише новиот богат договор со клубот, потоа падна во форма, а клучниот момент се случи кога без прашање на ден пред натпревар замина да се тетовира во Барселона. Артета отогаш го исфрли од тимот и никогаш повеќе не заигра.
 
Арсенал и Обамејанг го раскинаа договорот, Барселона наскоро треба и официјално да го потврди како ново засилување.
 
Напаѓачот со емотивна порака им се заблагодари на фановите на Арсенал.
 
„До фановите на Арсенал, 
Ви благодарам што го направивте Лондон дом за мене и мојата фамилија во овие изминати четири години. Заедно одевме низ подеми и падови и вашата поддршка ми значаше се.
Тоа што имав шанса да освојам трофеи и честа да бидам капитен на овој клуб е нешто што засекогаш ќе го чувам во моето срце.
Отсекогаш сум бил 100% фокусиран и посветен да давам се што можам за клубот и затоа заминувањето без да кажам збогум на вистински начин боли, но тоа е фудбалот.
Тажен сум што не добив шанса да им помогнам на моите соиграчи во последните неколку недели, но немам ништо друго освен почит за овој клуб и навистина им посакувам на сите мои момци и на фановите се најдобро и многу успеси во годините кои претстојат“, гласи соопштението на Обамејанг.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ