По победата на Реал Мадрид над ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, многумина веќе го видоа Килијан Мбапе во дресот на „кралевите“. Сепак, самиот фудбалер изминатиов викенд изјави дека ништо не е одлучено и ја остави отворена вратата за продолжување на соработката со „светците“.
Новинарот Даниел Риоло, кој беше еден од првите кој ја најави преселбата на Лео Меси во ПСЖ, сега вели дека Килијан Мбапе ќе остане во Париз.
„Знам каква е иднината на Мбапе, оние кои не сакаат да ме послушаат или да ми веруваат, нека продолжат да се прашуваат. Во мај сите ќе знаеме, мислам дека ќе почека да заврши сезоната и потоа да соопшти дека останува“ – вели Даниел Риоло.






