сабота, 31 јануари 2026

Нов документарец: Ким послаб од кога било, јава бел коњ на плажа (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Документарецот наречен „Големата година на победата, 2021“ трае 110 минути, бележи низа достигнувања во текот на целата мината година, вклучувајќи го развојот, изградбата и напорите да се победи пандемијата, пренесува Ројтерс.

Нараторот во документарниот филм во повеќе наврати ги фали таквите проекти како „сигнали на победата“, а со кои, како што се истакнува, раководел лидерот Ким Џонг Ун.

Ројтерс забележува дека лидерот на Северна Кореја на новите снимки е видно послаб, што повторно почна шпекулации за неговата здравствена состојба.

Документарецот го прикажува Ким како сам го гледа излегувањето на сонцето додека јава бел коњ на плажа.

Во филмот има и ретки фотографии од нова зграда од 80 ката и големи станбени квартови како и некои снимки од воен саем во октомври и претходни ракетни тестирања.

Во филмот не се прецизирани тешкотиите со кои се соочил Пјонгјанг, но Ројтерс, повикувајќи се на агенциите на Обединетите нации, тврди дека станува збор за голем недостиг од храна поради санкциите, сушите и поплавите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ