понеделник, 22 декември 2025

Николоски: Фирма на синот на Додик, кој е на црната листа на САД, добива тендери во МВР

Објавено на

часот

Сподели

„Од една страна устата им е полна НАТО, ЕУ, прозападна ориентација, а од друга страна си прават бизнис со луѓе кои се противници на тоа. Јавноста добро знае дека Додик е на црната листа на САД и добро знае дека Алтернативна ТВ која е во доминантна сопственост на Поинтерес и на Инфинити се директно поврзани со синот на Додик“, вели Николоски.

Според него, Министерството за внатрешни работи во јануари оваа година додели тендер за 1.500 компјутери вреден еден милион евра на компанијата Инфинити која е директно поврзана со синот на Милорад Додик. На овој начин една таква фирма директно влегува во безбедносниот систем, објасни тој.

Николоски истакна дека оваа компанија откако е на црната листа на САД, има добиено дури три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР, Министерството за финансии и МАРнет, компанијата која ја одржува цела интернет мрежа.

„Значи од една страна зборуваат за прозападни вредности, а од друга страна си прават бизнис и го нарушуваат безбедносниот сектор на Македонија со компании кои се директно поврзани со Милорад Додик. 

Имало начин ова да се спречиа дволичност, заклучи Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ