Една година „Никоб медикал” заедно со граѓаните се соочува со предизвиците кои ги донесе пандемијата од ковид-19.
„Одговоривме на секој ваш повик, пристапивме кон секој ваш здравствен предизвик и ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите потреби“, велат од компанијата.

За една година „Никоб медикал” создаде кадар од 82 високо обучени млади доктори, сестри/техничари, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, достапни, брзи и ефикасни, а на располагање на граѓаните им се и 10 најмодерни амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета и тие се за неколку минути во вашите домови во Скопје и еднакво брзо и надвор од градот.

„Чест и гордост ни е што 4.600 задоволни пациенти ги користат нашите пакети на услуги, а за една година реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35.000 километри во меѓународен транспорт и брзо и безбедно стигнавме до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и до Цирих“, велат од „Никоб медикал”.

Оттаму додаваат дека тука нема да застанат, „продолжуваме уште посилно и попосветено за вашите потреби и што е исто така важно, со цени прилагодени според вашите финансиски можности“.
„Остануваме достапни кога е најпотребно, бидејќи за животот се работи“, порачуваат од компанијата.







