„Очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал”, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Вели дека работодавачите дури и се дрзнале денеска тие да добијат повластувања од владата.
„Владата излезе со една одлична анализа, каде што кажува дека моделот кој го предлага Сојузот на Синдикатите на Македонија и останатите синдикати е најприфатлив. Затоа ја охрабрувам владата, бидејќи гледам дека е на наша страна, врз основа на ова што денеска тие го анализирале , цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18 000 денари”, изјави Димовски.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека постоечкиот модел за пресметување на минималната плата е неприфатлив за сите страни.
Извор: Фактор






