среда, 10 декември 2025

Нема договор меѓу СОНK и Владата, синдикатот најавува штрајк на 11 април

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков синоќа изјави дека не би постигнат договор со министрите за финансии, образование и труд и социјала за нивното барање од зголемување на платите за 18,4 проценти.

„За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса и морам да кажам дека излегуваме разочарани од тоа што нема што да пренесеме во јавноста и до членството. Очигледно, несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април, кој може да има многу сериозни последици за сите“, изјави Неделков по средбата.

Тој посочи дека не се согласуваат со оценките на власта дека ќе бидат предизвикани сериозни последици по Буџетот и дека е можно да има инфлација доколку се зголемат платите на вработените колку што бара СОНК.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пак, порача дека дијалогот продолжува и оти ќе се обидат до 11 април да најдат решение.

„Разговаравме за решение кое ќе значи трајно решавање на проблемот со системот на плати. Легитимно право е на секој да протестира, меѓутоа во делот на детската заштита децата треба да бидат згрижени. И по Устав и по Закон не смее да биде прекинат процесот за згрижување на деца“, изјави Тренчевска.

Таа најави казни доколку воспитувачите одбијат да ги примат децата во градинка.

Треба да си обезбедат замена на сите оние коишто ќе штрајкуваат – појасни Тренчевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ