Синдикалците, со поинаков плакат од оној на МВР, ги предупредуваат евентуалните кандидати на тоа што ги чека ако се вработат во МВР.
„За да напредуваш ќе треба да се зачлениш во партија; договорот те прави заробеник и во наредните 5 години нема да можеш да ја напуштиш полицијата; нема да можеш да врзеш крај со крај; нема да имаш никакви права, а твојот глас воопшто нема да биде важен; за да си ги добиеш твоите пари ќе треба да тужиш; нема да имаш ни минимална плата; без основни услови за работа…“, напишаа НСП на нивната верзија од плакатот на МВР за јавниот оглас.
„Согласно член 23 од Законот за работни односи, Министерството има обврска во огласот покрај останатите критериуми да ја објави и нето платата предвидена за конкретното работно место. Се поставува прашањето зошто МВР не ја објавува платата во огласот? Дали можеби се срамат од износот кој ќе треба да го објават или само сакаат да ја продолжат традицијата на незаконито работење и непочитување на законите“, се вели во реакцијата на НСП.






