петок, 26 декември 2025

Навивачите на Фиорентина со закани и навреди кон Влаховиќ: Цигане, готов си! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Доцна синоќа се појавија гласини дека Душан Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус, напаѓачот со „старата дама“ договорил богата соработка и плата од 7 милиони евра по сезона. Се најавува дека на адреса на Фиорентина сега ќе пристигне понуда од 65-67 милиони евра плус бонуси, и зделката ќе биде реализирана до крајот на месецот.

Ваквиот развој на настените не им се допадна на напаѓачите на Фиорентина, кои се разочарани што Србинот се сели во лутиот ривал, па пред стадионот „Артемио Франки“ беа поставени пароли со навреди и закани.

„Твоите телохранители нема да ти го спасат животот. Цигане, готов си!“ – гласеше една од пораките.

„Почитта не се заслужува само со голови. Влаховиќ ти си го*но од човек“ – гласеше друга порака.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ