Македонските херои во 17:30 часот би требало да слетаат на скопскиот ародром, а потоа да се упатат кон плоштадот „Македонија“ каде од 18:30 е предвиден пречек на фудбалерите.
Но на социјалните мрежи, особено во коментари на фејсбук страницата на ФФМ, навивачите бараат да нема пречек. Велат дека сега е најважно фудбалерите да се здрави и одморни за дуелот со Португалија, а потоа сите заедно ќе славиме.
Дел од навивачите сметаат и дека ризично е во време на пандемија фудбалерите да бидат во контакт со луѓе надвор од репрезентацијата.






