вторник, 31 март 2026

НАТО му го продолжи мандатот на Столтенберг поради безбедносната криза

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг на Твитер напиша дека е „почестен“ од одлуката на НАТО да му се продолжи мандатот до 30 септември 2023 година.

„Додека се соочуваме со најголемата безбедносна криза во една генерација, единствени сме во намерата да ја одржиме нашата алијанса силна и нашите луѓе безбедни“, кажа Столтенберг.

Поранешниот норвешки премиер беше именуван за генерален секретар на НАТО во октомври 2014 година.

Мандатот, кој требаше да му истече во септември, веќе еднаш му беше продолжен.

Норвешката влада во февруари го именуваше Столтенберг за гувернер на централната банка на таа земја. На таа долност требаше да стапи во декември.

Подоцна беше објавено дека заменичката на гувернерот Волден Бахе ќе ја врши таа функција додека Столтенберг ќе може да ја преземе должноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ