недела, 29 март 2026

НАТО испраќа трупи на своето источно крило

Објавено на

часот

Сподели

„Ја повикуваме Русија веднаш да ги прекине своите воени акции и да ги повлече своите сили од и околу Украина, целосно да го почитува меѓународното право и да дозволи безбеден пристап на сите луѓе“, соопшти НАТО.

Во соопштението се наведува дека руските лидери мора да сносат одговорност за своите постапки и ќе платат висока економска и политичка цена.

„Руските акции се сериозна закана за евроатлантската безбедност, и ќе имаат геостратегиски последици“, предупреди НАТО.

„Остро ја осудуваме одлуката на Русија да ги признае сепаратистичките региони на источна Украина. Со тоа дополнително се нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и се коси со договорите од Минск, чиј потписник е Русија. Сојузниците никогаш нема да го прифатат ова незаконско признавање“, пишува во соопштението.

„Во источниот дел на Алијансата разместуваме дополнителни одбранбени копнени и воздушни сили, како и дополнителни поморски средства. Ја зголемивме спремноста на нашите сили да одговорат на сите непредвидени ситуации. Одлучивме, во согласност со нашиот план за одбрана да ги штитиме сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за јакнење на одвраќање и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалирачки“, заклучува НАТО.

[video:https://youtu.be/X_SRrSZD2eM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ