понеделник, 22 декември 2025

Намалена видливост на патните правци Тетово – Гостивар, Куманово – Страцин и Сарамзалино – Штип

Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, а кај Сарамзалино – Штип до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ