Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,36 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 %.






