Според процените за економското влијание на руската инвазија на Украина од 24 февруари до 24 март, најмалку 4.431 станбена зграда се оштетени, уништени или окупирани, како и 92 фабрики и магацини и 378 училишта, јавува Би-би-си.
Уништени, оштетени или окупирани се 12 аеродроми и седум термо- и хидроцентрали.
Денеска е триесет и третиот ден од војната во Украина, во која животот го загубија најмалку 1.119 цивили.
Вчера Володимир Зеленски изјави дека е спремен да преговара за неутралност и ненуклеарен статус, но само со безбедносни гаранции.






