Најден е трупот на авионот, но во него нема преживеани, јави телевизијата ЦЦТВ по околу 18 часа по падот.
Во потрагата по преживеани учествувале неколку стотици пожарникари и спасувачи. Сега се трага по црната кутија.
Деловите на боиногот 737-800 се расфрлани по ридови кои ги зафатил пожар по првата кинеска авионска несреќа на комерцијален авион од 2010 година. Најдени се и изгорени остатоци на лични документи и паричници, пренесуваат кинеските медиуми.
[video:https://youtu.be/W5N8au36Eew autoplay:0]Седум години стариот „боинг“ се урна вчера од висина од 8.000 метри, соопшти контролата на воздушниот сообраќај.
Во авионот имало 123 патници и девет члена на екипажот, сите кинески државјани. Ова е најстрашната авионска несреќа во Кина во речиси 12 години.
Американската авионска компанија Боинг соопшти дека техничките експерти се спремни да помогнат во истрагата на несреќата која ја водат кинеските цивилни воздухопловни власти.






