Најбогатиот Британец во 5 до 12 достави понуда за купување на Челси. Попладнево, Џим Ратклиф соопшти дека на маса ставил 4,25 милијарди фунти или околу 5 милијарди евра.
Од оваа сума, 2,5 милијарди фунти, или околу 3 милијарди евра се за фондот кој Роман Абрамович го најави како помош за жртвите од војната во Украина.
Останатите 1,75 милијарди фунти, или околу 2 милијарди евра ќе бидат во форма на пари инвестирани во Челси во следните 10 години.
Во меѓувреме, медиумите од Англија објавија дека конзорциумот предводен од Стивен Паљука бил известен дека е надвор од трката.






