понеделник, 22 декември 2025

Нагелсман откри дека добил 450 смртни закани: Разбирам зошто сакаат да ме убијат мене, но што им е крива мајка ми?

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен беше изненаден од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, „жолтата подморница“ славеше со 1-0 на првиот натпревар, а потоа на раваншот се избори за 1-1 и го елиминираше големиот фаворит.

„Знак дека секогаш ќе добивам критики, тоа е сосема нормално и можам да се справам со тоа. Но кога ќе добиете 450 смртни закани на Инстаграм, не е лесно“ – вели Јулијан Нагелсман.

„Ај што сакаат да ме убијат мене, се закануваат и по животот на мајка ми, а жената воопшто не ја интересира фудбал“.

„Не разбирам. Веднаш што ќе го исклучат телевизорот, луѓето забораваат на пристојност. Најлудо е што мислат дека секогаш се во право“.

Јулијан Нагелсман не е единствениот кој доби смртни закани по елиминацијата од Лигата на шампионите, пораки добија и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, неговата сопруга и неговиот син.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ