Во 2016 година Алкараз се сликаше со својот идол Рафаел Надал, а сега му пружи голем отпор во полуфиналето на мастерсот во Индијан Велс.
На 19-годишниот Шпанец му се предвидува голема тениска кариера. Дуелот меѓу Надал и Алкараз „Марка“ го наречи дуел на кралот и принцот на тенисот.
Таквата констатација се покажа како оправдана по нивната полуфинална битка. Надал го доби првиот сет со 6-4, а вториот со ист резултат му припадна на Алкараз за израмнување на 1-1.
Во третиот решавачки сет, искусниот Шпанец беше подобар, го доби сетот со 6-3 и се пласираше во финалето каде ќе игра против Фриц кој со 7-5 и 6-4 го победи Рублев.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=o2jJWqXlCaI autoplay:0]






