среда, 1 април 2026

Националистичкиот баталјон Азов од Мариупол: Тргнуваме во контранапад (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на ноќта имаше голем напад“, објави гувернерот на Луганск Сергеј Гајдај на Фејсбук, додавајќи дека руската војска влегла во Кремина со големо количество тешко вооружување, а дека Украинците се повлекле на нови позиции.

Кремина е град со околу 18 илјади жители на пола пат меѓу Луганск и Краматорск, една од главните руски мети во тој регион.

Борците од националистичкиот баталјон Азов објавија денес снимка од Мариупол.

[video:https://youtu.be/JQ-KIqpJhwA autoplay:0]

„Одбраната на Мариупол продолжува. И покрај надмоќните сили на непријателот борците на Азов тргнуваат во контранапад“, напишаа тие.

Москва претходно објави дека ја презела контролата над пристанишниот град на југот на Украина по речиси двомесечни борби.

Русија во саботата соопшти дека ја има контролата врз урбаните подрачја, но дека некои украински борци останале во челичарницата Азовстал.

Заземањето на Мариупол, главното пристаниште во регионот Донбас, би било стратегиски успех за Русија, поврзувајќи ги териториите кои ги држат бунтовниците на истокот со полуостровот Крим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ