среда, 1 април 2026

На руска наставничка ѝ се заканува затвор бидејќи зборувала против војната, ја пријавиле учениците

Објавено на

часот

Сподели

На аудио-снимката објавена на Телеграм на 31 март се слуша како ученик ја прашува зошто на Русија ѝ е забрането да учествува на претстојните европски првенства во повеќе спортови. „Се додека Русија не се однесува цивилизирано, ова ќе продолжи“, одговора таа.

„Почнаа да ја бомбардираат западна Украина… Сакаа да стигнат до Киев, да го соборат Зеленски и владата. Таа инаку е суверена држава. Таму има суверена влада“, додава таа. „Па, не ги знаеме сите детали“, одговора една ученичка.

„Точно! Вие ништо не знаете. Всушност, не знаете апсолутно ништо. Овде имаме тоталитарен режим. Секаков вид на несогласување се смета за криминал. Сите ќе бидеме испратени на 15 години“, ѝ одговора професорката Ген. Разговорот е снимен на 18 март. Таа смета дека родителите на нејзините ученици ги наговориле децата да направат снимка, која потоа ја предале на надлежните.

Ген рече дека службеник на Федерална служба за безбедност на Руската Федерација дошол во училиштето на 23 март и ѝ рекол дека направила „голема грешка“ кога им зборувала на учениците за руските напади врз украинската цивилна инфраструктура и бомбардирањата во Мариупол, што руските власти го негираат.

„Никогаш не ми падна на памет дека некој може да го поткаже својот учител или некој друг“, рече Ген, која поднесе оставка на 1 април.

Таа во моментов е под истрага поради кршење на новиот закон за цензура, кој забранува ширење на таканаречени „лажни информации“ кои ја дискредитираат руската војска. Предвидена ѝ е затворска казна до 10 години и парична казна до 60.000 долари.

Ген за Радио Слобода изјави дека се надева дека ќе добие само парична казна. „Дефинитивно ќе се соочам со мачно судење, а потоа и пресуда која ќе диктира како можам одново да го градам мојот живот“, рече таа. Медиумскиот проект за човекови права ОВД-инфо рече дека Ген е во домашен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ