петок, 2 јануари 2026

На мировен марш во Италија бараа крај на војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според организаторите околу 50.000 луѓе тргнале на пат долг 20 километри носејќи огромно знаме во боја на виножито нагласувајќи го главниот слоган, „Стоп, војната е глупост“.

„Секој ден конфликтите стануваат пожестоки, војната уште понехумана секој преостанат простор за мир се уништува. Затоа велиме дека конфликтите треба веднаш да се прекинат“, објавија организаторите на нивната веб страна.

„Уште не е доцна, убеден сум дека има можности во оваа воена ситуација за дијалог и за преговори. Сите мора да ги примениме и тестираме, немам впечаток дека пристапот до оружје и вооружување се решението“, изјави Марко Морони чувар на базиликата Свети Франциско од Асизи, за АФП.

„Почувствував потреба да одам и да учествувам во овој марш со оглед на случувањата во Европа. Ми се чинеше сосема природно да го сторам тоа речиси како должност“, објасни Луиџи Монтарсоло, адвокат од Џенова.

Неколку часа пред пристигнувањето на учесниците во маршот во Асизи, папата Франциско уште еднаш по повод денешниот православен Велигден, повика на примирје во борбите во Украина и повика на прекин на нападите врз „исцрпеното население“.

Папата „ги поздрави учесниците на маршот од Перуџа до Асизи и им се заблагодари што се залагаат за братство и мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ