недела, 21 декември 2025

На црната листа на САД додадени и Мијалков и Груевски

Објавено на

часот

Сподели

Причината за оваа одлука на американската влада е вмешаноста на Груевски и Мијалков во коруптивни дела.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија довербата на јавноста во владите. Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, пишува во одлуката на Стејт департментот и се додава дека тој континуирано избегнувал апсење за пресудата против него во 2018 година за обвинение поврзано со корупција, што претставува сериозно назадување во поднесувањето одговорност за корупцијата и коруптивните активности во Северна Македонија.

Во одлуката пишува и тоа дека Груевски е сопственик на унгарската компанија ИЦИЦ КФТ која е регистрирана како друштво со ограничена дејност во Пецел, Унгарија. И оваа компанија е додадена на листата.

За Сашо Мијалков пишува дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучувале искористување на неговото политичко влијание и моќ за личен бенефит, ја злоупотребил моќта и функцијата за да бара мито во замена за зделки со Владата, како и дека се мешал во изборите со цел да има политичка корист за себе и за неговата партијата.

Покрај нив, на црната листа се најде и Гордана Тадиќ, која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина, Светозар Маровиќ од Србија, Акиф Ракипи и Бахри Ндроки од Албанија и Асим Сарајлиќ од БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ