МЗТ Скопје ја помина првата од трите пречки кои ги има за враќање во најдобрата АБА лига. Денеска во „Јане Сандански“ падна Сутјеска.
Во одлична атмосфера која ја создаваше навивачката група „Фемили“, кошаркарите на МЗТ Скопје доминираа во најголемиот дел од натпреварот и на крајот заслужено дојдоа до победата.
Беше изедначено на стартот, во првата четвртина двете екипи се менуваа во водството, но периодот го доби МЗТ Скопје со 22-19. Слично беше и во вториот период, на полувремето македонскиот тим отиде со позитива од пет разлика, беше 40-35.
Во вториот дел МЗТ Скопје дојде и до +13, но Сутјеска секогаш успеваше да се доближи, дојдоа и на минус еден, но аеродромци оддолеаа и успеаа да го приведат мечот во мирен финиш и да слават со 73-68.
Најдобар кај МЗТ Скопје беше Николов кој постигна 17 поени, Војдан Стојановски реализираше 15, двоцифрен беше и Дејвис кој постигна 11. Кај Стујеска, Спасојевиќ и Томашевиќ постигнаа по 13.
МЗТ Скопје во полуфиналето ќе игра со победникот од последниот денешен дуел, мечот меѓу Широки и Спарс.
Тој полуфинален дуел се игра во петок од 21 часот.
Во првиот денешен четвртфинален дуел Борац со 80-79 го победи Младост, а потоа Златибор го совлада Хелиос со 84-82.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=fg6EryUkuKs autoplay:0]






