вторник, 23 декември 2025

Мурињо: Ние игравме додека Лацио се дома со Сари и пушат цигари! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Рома синоќа добро се испотија за да го поминат Витесе во Конференциската лига, за разлика од нив Лацио немаше натпревар.

Маурицио Сари е познат и по тоа што е стравствен пушач на цигари, па Жозе Мурињо го истакна тој момент за да даде изјава која ќе го привлече вниманието.

„Јасно е дека не сум среќен, ние игравме денес со многу фудбалери кои треба да играат во недела додека Лацио вечерва се дома и пушат цигари со Сари“, вели Мурињо.

Потоа Мурињо го испофали тренерот на Витесе и им честиташе за добрата игра со која ги натераа фудбалерите на Рома да дадат се од себе. А на крајот од интервјуто Португалецот повторно ги спомна Сари и цигарите.

„Сега Сари е дома пуши цигари додека јас ќе одам дома и ќе размислувам како да се опоравиме од овој меч за дуелот во недела”.

Дербито меѓу Рома и Лацио се игра во недела од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ