На денешната седница на Управниот одбор на РФМ, претседателот Живко Мукаетов рече дека ќе остане на функцијата иако претходно најави заминување.
„Претходно најавив повлекување од позицијата, бидејќи девет години не се малку. Дававме максимум, но имавме и разочарувања, за мене неуспех беше тоа што не се пласиравме на Олимпијада и на Европското првенство во Загреб“, вели Мукаетов.
„Но, мислам дека ова не е вистинско време за повлекување од функцијата, по сите настани кои се случија во изминатите два месеци, но и обврските кои ни следат, а тоа се Европското првенство, кадетското Светско првенство и останати предизвици“.
„Знам дека има мераклии за оваа позиција, но сметам дека политиката треба да се држи надвор од ракометот“.






