недела, 21 декември 2025

Мухамед Зекири поднесе оставка на функцијата генерален секретар на Владата

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот на оставката се вели:

„Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски

Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.

Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.

Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“.

Оставката на Зекири следува откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството го добило во втората половина на 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ