недела, 21 декември 2025

МТСП: Градинките ќе згрижуваат деца и во време на штрајк

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк“, велат од МТСП.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, кое е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, од МТСП додаваат дека при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ