среда, 1 април 2026

Можно е честички радијација да влегле во белите дробови на руските војници, рече директорот на Чернобил

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за телеграм-каналот на државниот оператор на нуклеарните централи на Украина Енергоатом, директорот на Чернобил Валериј Сеида рече: „На подрачјето на самата станица окупаторите ништо не копаа, но додека поминуваа тенковите се крена густ прав и честичките радијација во него можеби влегле во телата на војниците преку белите дробови“.

Не е јасно што правеле руските војници во таканаречената Црвена шума, контаминираната област, и можно е да биле изложени на значително зрачење додека копале таму, се вели во соопштението. „Истовремено, целиот персонал што во тој момент беше во станицата не беше озрачен бидејќи луѓето работеа, иако под голем притисок, редовно“, рече Сеида.

Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот, падна во рацете на руските војници во првата недела од војната во Украина. Енергоатом во четвртокот објави дека руските сили се повлекле од електраната и од нејзината територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ