вторник, 23 декември 2025

„Може да игра за Барса и Сити, но сега се крие во бункер… плачам кога ќе ја видам сликата“ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Војната во Украина е топ тема во светот, секој ден пристигнуваат тажни приказни, Португалецот Фернандо Валенте на социјалните мрежи реши да сподели свое искуство. 

Тој работеше во младинските категории на Шахтар и ја раскажа судбината на 19 годишниот Герогиј Судаков. 

„Судаков беше најголемиот талент кој сум го тренирал во животот, стигна до А репрезентација на Украина, неодамна го обнови договорот со Шахтар до 2026 година. Фантастичен човек, кој чекаше да стане татко на девојче со својата девојка. Но наместо да му се исполнуваат соништата, сега се крие во бункер поради бесчуствителна војна. Да… плачам и се молам за овој пар и за сите млади играчи и пријатели кои го оставив во Украина. Ми се стега срцето“ – напиша Фернандо Валенте на социјалните мрежи и сподели фотографија од Судаков со девојката кога соопштиле дека чекаат дете, и сега кога се кријат во бункер. 

За медиумите, Валенте потоа рече: „Судаков е момче со огромен потенција, дури и да игра во Барселона или Манчестер Сити. Тој беше најголемиот талент кој сум го тренирал. На мојот телефон ја чував фотографијата од пред конфликтот кога со девојката соопштија дека чекаат дета, од неодамна имам нова фотографија, како се кријат во бункер. Секогаш кога ќе ги видам, почнувам да плачам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ