среда, 1 април 2026

Москва тврди дека Украинците гаѓале места во Русија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за регион кој граничи со северот на Украина, во близина на градот Чернигов.

„Денес украинските сили отворија оган на селото Климово. Со гранати беа оштетени две станбени згради, има жртви меѓу жителите“, напиша гувернерот Александар Богомаз на Телеграм.

Руската истрага наводно покажала дека украинските сили извеле најмалку шест напади, според руските медиуми, и додаваат дека се нападнати станбени објекти. Русите тврдат дека во наводниот украински напад се повредени најмалку седум луѓе, како и дека се оштетени шест куќи.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека граничната стража во регионот Бријанск била гаѓана од минофрлачи од Украина. Немало повредени во тој инцидент, но биле оштетени возила, соопшти портпаролот на ФСБ за државната телевизија.

Украинското министерство за одбрана и војската не одговориле на барањата за коментар за инцидентот. Советникот во украинското министерство за внатрешни работи Антон Харченко објави на Телеграм дека нешто „паднало и се запалило“ во воениот објект во Бријанск во близина на границата. Во објавата се исмева Русија за тоа што веднаш ја обвинила Украина, но не се негира експлицитно дека Украина е одговорна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ