четврток, 1 јануари 2026

Москва ги предупреди САД да престанат да му праќаат оружје на Киев

Објавено на

часот

Сподели

„800 милиони долари, оружје толку вредно ќе му биде испратено на Киев од Вашингтон. Тоа е огромен износ, а тоа не придонесува на каков било договор“, кажа рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.

„Истакнавме дека е неприфатливо САД да ја снабдуваат Украина со оружје и побаравме таквата пракса да престане“, кажа Антонов, порачувајќи дека целта на САД е „да ја спречат Русија цврсто да застане на нозе и да се слушне рускиот глас“.

Шефот на американската дипломатија и министерот за одбрана се сретнаа во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски и му ветија нова помош во износ од 713 милиони американски долари за украинската влада и други земји во регионот кои се „плашат од руска агресија“.

Американскиот претседател Џо Бајден вети овој месец воена помош во вредност од 800 милиони долари за Украина, вклучувајќи тешка артилерија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ