Мемфис и Голден стејт одиграа возбудлив натпревар кој го добија гостите со еден поен разлика. Вистинска драма имаше во финишот, главната ѕвезда на домаќините, Џа Морант се обиде во последната секунда да донесе победа, но не успеа.
Морант беше најдобар на мечот, му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл. Постигна 34 поени, имаше десет асистенции и девет скока. Одличен беше и Џексон со 33 поени и десет скокови. Кај Голден стејт најдобар беше Пул кој имаше 31 поен, девет асистенции и осум скока.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=pJXy1_r4RCw autoplay:0]
Со гостинска победа почна и серијата меѓу Бостон и Милвоки, гостите славеа со 101-89. Најдобар на теренот беше Адетокумбо со 24 поени, 13 скокови, и 12 асистенции, а поефикасен од него беше Холидеј со 25 поени. Кај Бостон, Тејтум постигна 21 поен.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=4F1qjOJ4hVU autoplay:0]
Резултати:
Бостон – Милвоки 89:101 (0-1)
Мемфис – Голден стејт 116:117 (0-1)






