„Семејството со три деца Марио, Кети и Лука, освен што тешко се прехрануваат, живеат во супстандардни услови. Откако јавноста разбра за нивната состојба им помогна да реновираат две соби. Ние контактиравме со нив и така одлучивме да помогнеме со три нови кревети сосе душеци кои денес ги доставивме до нив“, информираше Далибор Ѓорѓевски.
Младиот Далибор и на 17 ноември заедно со другарите патуваше 150 километри од Тетово до Секулица за да им однесе храна, облека и обувки. Денес освен креветите повторно им однеле облека и обувки.

Приказната за трите деца стана позната по сторијата во која Кети зборуваше дека никогаш во животот не пробала смоки и кифла од продавница, како и дека другарчињата секој ден и се потсмеваат.
МИА






