„Уцените, притисоците и заканите не ѝ успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките. Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори“, рече Митева.
Таа наведе дека со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари, рече портпаролката на партијата.






