Македонија ја победи Чешка со 27-25 и се пласираше на Светско првенство, а Филип Миркуловски за последен пат го носеше националниот дрес.
„Целта ја остваривме, се пласиравме на Светско првенство, тоа ни беше најважно. Но овој натпревар беше полн со емоции, посебно за мене бидејќи ми е последен за македонската репрезентација која премногу ми значеше. Посебно е чувството кога се игра за Македонија отколку за било кој друг клуб. Голема чест ми е што настапував речиси 20 години за Македонија, секогаш го давав максимумот. Се надевам дека сите понатаму ќе даваат се од себе за националниот дрес, без разлика дали одиграле добро или лошо, мора да се гине за овие бои“, вели Миркуловски.
„Јас кога почнавме да играм за Македонија игравме претквалификации, квалификации… сега овие генерации имаат континуитет на настапи на големите натпреварувања и можат да се развиваат со настапи на такви силни турнири. Ние им оставивме наследство, а тие нека растат со настапите на Светски и Европски првенства“.






