„Американците се денес во Киев. Во овој момент разговараат со претседателот“, објави синоќа Олексиј Арестович.
Како што пренесува Франс прес, ова е прва средба на Зеленски и претставници на американската влада во Украина откако почна руската инвазија на таа земја на 24 февруари. „Пријателството и соработката меѓу Украина и САД се посилни од кога било претходно“, објави на Твитер Зеленски без други детали.
„Украина сака Соединетите Американски Држави да бидат еден од гарантите на безбедноста и заштитата на Украина од идни закани“, кажа Зеленски во саботата, најавувајќи го пристигнувањето на американските функционери. Влада во Киев од Вашингтон бара договор за испорака на уште повеќе оружје.
Арестович порача дека Киев сака „да му се испорача офанзивно оружје“.
„Сè додека не бидеме спремни за противнапад, секој ден ќе се случуваат нови Бучи“, кажа тој, алудирајќи на градот кај Киев во кој беа најдени повеќе од 400 убиени цивили откако руските трупи се повлекоа во март.
„Американските претставници не би доаѓале тука ако не се спремни да дадат оружје“, оцени тој.
Арестович сино
А порача дека „секој момент ќе паднат“ одбранбените линии во Мариупол, кој руските сили го освоија, со исклучок на последното упориште во комплексот на металуршкиот комбинат Азовстал, каде во бункери се кријат последните милитанти од националистичкиот полк Азов.
Украинскиот претседател бара Вашингтон да ја обеди Германија за да ѝ испорача повеќе оружје на Украина.
[video:https://youtu.be/imq4voOx-nc autoplay:0]





